Американската морнарица ги елиминира екраните на допир

Морнарицата ја донесе таа одлука по завршувањето на истрагата за судирот на бродот УСС Џон. С. Мекејн во 2017 година, во кој загинаа 10 морнари. Истрагата утврди  дека несреќата е поради комплицираниот управувачки интерфејс на командниот екран чувствителен на допир и лошата обука на морнари, што доведе до судир со друг брод.

840

Американската морнарица планира да ги исфрли од употреба екраните на допир на своите разурнувачи и да ги замени со конвенционални механички контроли до 2020 година.

Иако американската војска отсекогаш прифаќала нови технологии, овојпат, наместо дисплејот, на командните табли ќе се вратат рачките, копчињата и лостовите, пренесува Б92.

Морнарицата ја донесе таа одлука по завршувањето на истрагата за судирот на бродот УСС Џон. С. Мекејн во 2017 година, во кој загинаа 10 морнари. Истрагата утврди  дека несреќата е поради комплицираниот управувачки интерфејс на командниот екран чувствителен на допир и лошата обука на морнари, што доведе до судир со друг брод.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...