Волкановски ќе игра за МЗТ

122

Поранешниот македонски младински репрезентативец, Иван Волкановски од денеска е нов член на МЗТ Скопје, откако потпиша тригодишен договор со клубот од Аеродром.

Дваесетгодишниот Волкановски доаѓа од таборот на АВ Охрид каде што ја доигра минатата сезона, а има настапувано и за тимот на Вардар.

Волкановски (209 сантиметри) е деветиот кошаркар кој во моментов е под договор со МЗТ Скопје Аеродром, за кој во новата сезона ќе играат уште и Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Ранко Мамузиќ и кенискиот интернационалец Нуни Омот.

Почетокот на подготовките за новата сезона е закажан за 15 август.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...