Метални делови од „Боинг 878“ на норвешката авиокомпанија „Норвежиан“, што набрзо по полетувањето се откинале од авионот, паѓале како „ дожд од куршуми“ врз околната станбена населба, во непосредна близина на римскиот аеродром.
Врз граѓаните кои живеат во населбата во непосредна близина на аеродромот Леонардо Да Винчи во Фјумичино, во саботата, паѓале помали метални делови од авионот со големина од околу 20 сантиметри, пренесува британски Индипендент.
Еден од жителите изјавил дека сето тоа наликувало на дожд од челик и метал, и дека заради тоа побегнал во својот дом.
На подрачјето Исола Сакра, што се наоѓа јужно од градот и аеродромот, оштетени се десетина автомопбили и куќи, а едно лице пријавило полесни изгореници.
Отворена е официјална истрага за инцидентот, а засега е познато дека пилотот се откажал од планираниот лет за Лос Анџелес и дека авионот го вратил на римскиот аеродорм.
Претпоставка е дека деловите се од левиот мотор на авионот, но се уште не е познато за каков дефект станува збор и дали 298-те патници во авионот било изложени на опасност.
Портпаролката на авиокомпанијата „Норевжиан“ изјавила дека има индиции за „технички дефект“ и додала дека авионот слетал безбедно.