Македонец лудувал низ Хрватска, возел пијан и без возачка, а не запрел ни на сигнали од полицијата

1659

Минатиот месец кај Дубровник биле забележани 34 несреќни во кои 12 лица биле потешко, а 21 лице полесно повредено.

Најголема парична казна му била изречена на 33-годишен Македонец, кој бил запрен во 01.30 часот. Му биле измерени 2,65 промили алкохол во крвта, возел лудо, не запрел на звучните и светлосините сигнали на полицијата и немал возачка дозвола кај себе, пренесува „Индекс“.

Тој бил казнет со 1.500 евра плус уште 30-ина евра за судски трошоци, како и забрана за управување со возило од Б категорија, три месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...