Југоисточниот дел на Австралија бил погоден од ладен бран, а еден маж загинал откако на него паднала гранка од дрво.
Уште во саботата луѓето биле предупредени од ладни ветрови, снег и мраз.
Според австралискиот портал Еј-Би-Си локал, снегот, ниските температури и отежнати услови за возење, довеле до затварање на патишта во државата Викторија.
Како што се наведува, некои градови за прв пат по неколку децении биле покриени со снег.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб