Забранет увоз на свинско месо и преработки од Србија

Во земјава нема африканска чума и се преземаат мерки состојбата да не се промени.

329

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) забрани увоз на свинско месо и преработки, како и увоз и транзит на живи домашни и диви свињи од Србија, по веста дека во оваа земја се појавила африканска чума.

Директорот на АХВ Зоран Атанасов за МИА потврди дека во Србија има африканска свинска чума, и тоа во околината на Белград, Младеновац, Смедеревска паланка,…

Претходно, на прес-конференција за антраксот, Атанасов соопшти дека во  земјава африканска свинска чума нема. Состојбата будно се следи, а превентивните мерки се подигнати на максимално ниво.

– Од петокот во сила е Решението за задолжително лабораториско испитување на секоја увозна пратка свинско месо, производи и преработки. Пратките нема да се пуштаат во промет се додека не се добие наодот од лабораториското испитување – информира директорот.

Отстрелот на дивите свињи кој се планира како превентивна мерка, се уште не е почнат. Утре на состанок во Велес, АХВ и Ловечката федерација ќе ги утврдуваат динамиката и начинот на заловување.

Алармот за африканската свинска чума се запали по информацијата дека во Бугарија бројот на жаришта е зголемен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...