Премиерот Зоран Заев денеска преку Фејсбук на сите млади во Македонија им го честиташе Меѓународниот ден на младите – 12 Август!
„Младите се силата на нашето заедничко општество, за да се развива во духот на европските вредности и за да продолжиме напред со интеграциите во ЕУ и НАТО. Перспективите за напредок, кариерен развој и квалитетен животен стандард на младите овде, во нашата убава земја, се наша заедничка цел и заедно работиме тоа да го оствариме“, наведува Заев во честитката.