Четириесетгодишник го убил својот 67-годишен татко, а по злосторството испил цела шака таблети и починал. Полицијата ги нашла телата по повик од соседи.
Како што дознава „Курир.рс“, синот го убил таткото со нож.
Пред десетина дена се самоубила 64-годишничка, нивна мајка и сопруга. Таа извршила самоубиство на католички гробишта, си пукала себеси во главата.
– Не знаеме зошто синот се одлучил на таков чекор. Неговиот татко пред неколку години имаше шлог. Живееше како билка. Без помош од сопругата и синот, не можеше. Синот беше многу приврзан за татко си, а со својата мајка се расправаше. Се зборуваше и дека ја тепал. Наводно, тој ја обвинувал мајка си за состојбата на неговиот татко, таа не му дозволила да оди на операција. Поради тоа, повеќе пати ја тепал. Можно е по самоубиството на мајката, тој да не можел да се грижи за болниот татко, па решил на двајцата да ги скрати маките – рекол сосед.