Надал му препушти само три гема на Медведев во финалето на турнирот во Монтреал

75
ФОТО: EPA / LARRY W. SMITH

Шпанецот Рафаел Надал го победи рускиот тенисер Данил Медведев во финалето на турнирот во Монтреал (Канада) убедливо со 2-0 во сетови.

Русинот успеа да освои само три гема, сите во првито сет (6:3), додека вториот заврши 6:0 за фаворитот.

Мечот траеше 1 час и 11 минути.

Мастерсот во Монтреал, Канада, се играше за награден фонд од 5,7 милиони долари.

ФОТО: EPA / LARRY W. SMITH

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...