Се пуштаат телефонски разговори во „Поткуп“, јавноста исклучена

763

Телефонските разговори прибавени од ПИ-мерките во случајот „Поткуп“ каде обвинет е премиерот Зоран Заев се пуштаат во судницата во Кривичниот суд. Меѓутоа, судот одлучи да ја исклучи јавноста.

Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов – Сачавалиев за да му легализира градежно земјиште.

За видео-снимката, пак, судот се уште не соопшти дали новинарите и јавноста ќе бидат присутни во судница кога таа ќе биде пуштена. И на минатото рочиште требаше да се гледа и снимката, но обвинителството тогаш инсистираше јавноста да не ја гледа снимката и побара од судот писмено да им достави одлука на странките за тоа дали јавноста може да присуствува за потоа да може да поднесе жалба.

Заев и неговите адвокати инсистираа новинарите и останатата јавноста да бидат присутни во судница кога ќе ја пуштат снимката за да можат граѓаните да имаат свој впечаток за тоа што се случувало и за што всушност се разговарало.

На денешното рочиште обвинителство ги изведуваше и писмените докази за Поткуп меѓу кои копии од уплатници, документи од Катастар и од Општина Струмица, геодетски елаборат итн.

Адвокатите на Заев приговараа дека тие докази се ирелевантни во однос на обвинението и не можат да ги докажат фактите презентирани во обвинителниот акт и на нив не може да се заснова судската одлука.

Одбраната, исто така, побара исказот на единствениот сведок Иван Николов Сачавслиев да не се смета за доказ бидејќи тој бил поттикнат за да го наведува Заев на извршување на кривично дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...