Факултет за ветерина: Кај нас нема заболени вработени со антракс

Денеска на прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ. соопшти дека 30 лица од Факултетот биле на терапија за антракс.

285

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје  информира дека нема вработени лица заболени од антракс, откако денеска на прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ. соопшти дека 30 лица од Факултетот биле на терапија за антракс.

Факултетот за ветеринарна медицина, соопшти дека цо земјава има антракс, но дека се преземаат сите потребни мерки за превенција и се постапува високо стручно по најсовремени безбедносни протоколи и согласно законските прописи, Факултетот ги известил Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за здравство, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Центарот за јавно здравје – Скопје.

„Факултетот во консултација со Универзитетската клиника за инфективни болести и по нивна препорака, а согласно утврдените протоколи за профилактички третман во случај на потенцијална изложеност на антракс, кај вработените кои биле изложени на контакт со мострата е индицирана профилакса“, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...