Судење за „Титаник“: Стефанова по „Рекет“ во судница, Јанакиески доаѓа од дома

Според најавениот редослед за судење случаите на СЈО ќе се најдат во судница и од среда до петок неделава и следната недела во понеделник вторник четврток и петок.

1680

Во екот на аферата „Рекет“, обвинителите на Специјалното обвинителство утре прв пат ќе се појават во судница. Закажано е судење во случајот „Титаник“ во кој е обвинето поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ за милионските уплати на партиска сметка во изборни цели.

Случајот го води обвинителката Лиле Стефанова која беше спомената и во снимките од случајот „Рекет“, објевани од итлаијаснкиот весник Ла верита. Таа веќе наредниот ден во Јавното обвинителство ќе даде изјава во врска со случајот „Рекет“.

Во случајот се Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Мартин Протуѓер, пратеникот Илија Димовски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

СЈО ги обвинува дека злоупотребиле сомнителни пари како партиски донации за избори, а било уплаќани и преку банка со уплатници на име на луѓе кои не донирале.

Минатото рочиште за овој случај беше одложено бидејќи полицијата не го најде Јанакиески дома, оти куќниот притвор му беше укинати тој се наоѓаше во Шутка.

Од петок попладне Јанакиески поради здравствени причини е во домашен притвор.

Според најавениот редослед за судење случаите на СЈО ќе се најдат во судница и од среда до петок неделава и следната недела во понеделник вторник четврток и петок.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...