Министерството за здравство линформира дека нема заболени граѓани од антракс во нашата држава, откако ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција објави дека 30 вработени од Факултетот за ветеринрство во Скопје се заболени од антракс.
„Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од Антракс“, соопшти Министерството за здравство.