Пет лица загинаа, а четворица се тешко повредени при пукање во ноќен клуб во јужен Бразил, јавуваат денеска локалните медиуми.
Пукањето се случило кога група вооружени лица упаднале во еден клуб во градот Мостардас и почнале да пукаат кон гостите и вработените.
Напаѓачите носеле качулки, а пред да избегаат, ги собрале паричниците и мобилните телефони на жртвите. Полицијата соопшти дека ниту една од жртвите немала криминално досие