Кировски од Телма: Дузина новинари со кариери беа бодигарди на Боки 13 за кеш

Уште поголем проблем е што постојано ги избираме некадарните и потпросечните да водат институции (Катица) - кои кога ќе ги дочекаат своите 5 минути моќ, се обидуваат на најселски начин да ги ублажат своите провинциски фрустрации и неизживеаност.

15491

Проблемот на ова општество не се само опскурни типови како Боки 13 околу кој се нареди на баци рака цел естаблишмент, и на кого му беше дозволено да води медиум на криминален начин. Поголем проблем е што дузина новинари со кариери и кредибилитет, свесно се ставија во улогата на негови општествени бодигарди за кеш.

Уште поголем проблем е што постојано ги избираме некадарните и потпросечните да водат институции (Катица) – кои кога ќе ги дочекаат своите 5 минути моќ, се обидуваат на најселски начин да ги ублажат своите провинциски фрустрации и неизживеаност.

Клучниот проблем е што не функционираат институции и судство. За да функционира рекетот, во орото биле фатени и Основен суд, и Апелација и Врховен…

Конечно, и секако не само заради овој последен пример, епилогот е дека нашите дедовци и татковци ни оставија подобра држава и институции. Ние на нашите деца им оставаме пепел. Ова е колективен срам за нас како генерација.

(ФБ статус на Атанас Кировски, директорот на Телма)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...