Заев по повод Курбан Бајрам: Да ги негуваме солидарноста, хуманоста, грижата кон другите

Негова желба е, како што пишува во честитката, да има многу радост, духовен мир и топлина во домовите на сите припадници на исламската вера во овие празнични денови.

187

Курбан Бајрам е празникот на солидарноста, хуманоста, грижата кон другите, единството и еднаквоста. Ова се вредностите кои треба да бидат наша заедничка водилка во градењето едно општество за сите, напиша премиерот Зоран Заев во честитката по повод празниккот упатена до вениците  и до Исламската верска заедница, до поглаварот Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и членовите на Ријасетот.

„Да ги негуваме овие вредности како наш заеднички влог во просперитетна иднина. Возвишениот, благороден сјај на овој празник нека зрачи во домовите на сите верници. Честит празник“, напиша во честиката Заев.

Негова желба е, како што пишува во честитката, да има многу радост, духовен мир и топлина во домовите на сите припадници на исламската вера во овие празнични денови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...