Сончево и топло време со многу високи температури од портокалова фаза и денеска во земјава. Заладување според прогнозите се очекува дури од 14 август.
Денеска утринските температури ќе се движат од 13 до 21 степен, а дневните од 31 до 40 степени.
Во Скопје температурата ќе достигне до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.
Се препорачува граѓаните да се заштитат од високите температури.
Утре и задутре температурата ќе изнесува 41 степен, а ќе има и високо УВ зрачење.
Во среда температурата ќе достигне до 40 степени, а попладнето и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи, кога се очекува и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Одговорните институции препорачуваат за време на топлотниот бран да се ослободат од работните обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, што особено се однесува на градежните работници.