Во најновиот документарец „This Changes Everything”, во кој се зборува за сексизмот во филмската индустрија, актерката и добитничка на Оскар, Вирџинија Џина Давис, раскажа личен пример за сексуално вознемирување за време на нејзиниот престој во Холивуд.
Кога ја прашале дали може да се потсети на некој непријатен момент со режисерите од почетоците на нејзината кариера, 63-годишната актерка од серијата „GLOW“ и филмот „Thelma & Louise“, одговорила потврдно и раскажала.
– Веројатно има милион примери. Еден беше во самите почетоци на кариерата, кога бев на аудиција за улога кога ликот требаше да седне во скут на маж, а режисерот ми рече: „Па одглуми ја сцената со мене“ и ме натера да му седнам во скут. Не сакав да го прифатам тоа, беше многу непријатно, но не знаев дека тогаш можам да кажам „не“ – раскажала Давис.
Photo: EPA / IAN LANGSDON