Вангеловски: Отворањето истраги по истекот на 18-те месеци можеби било за да се злоупотреби СЈО

2278

Врховниот суд донесе начелно правно мислење во кое посочи дека СЈО не е овластен тужител за истрагите отворени по истекот на рокот од 18-те месеци, односно по 30 јуни 2017.

Аферата „Рекет“, посочува првиот човек на Врховен, Јово Вангеловски, за ТВ 21, можеби покажува зошто се отворале истраги.

Непочитувањето на тоа мислење, според Вангеловски отвора сомнежи дека отворените случаи по 30 јуни 2017, се започнати со цел да се злоупотреби СЈО.

-Така личи од сегашна перспектива. Но, тоа е само логична претпоставка – вели претседателот на Врховен суд за ТВ21.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...