Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело, кажа дека летово добил понуди за преселба во италијанските клубови.
– Да, италијанските клубови дојдоа кај мене и ми понудија договор. Но, вистината е, Реал Мадрид е мојот дом и најдобриот клуб во светот. Никогаш не ми паѓаѓе на памет да одам во Јувентус или некој друг тим – изјави Марсело за „Газета дело спорт“.
Сезоната-2019/20 ќе биде 14-та за 31-годишниот Марсело во Реал. Неговиот договор со клубот од Мадрид важи до 2022 година.