Јанушев: Заев и да го пријавил прв „Рекет“, тоа го направил за да се спаси

484

Првообвинетиот во рекет, лицето Бојан Јовановски сега веќе познат како Боки Тредичи јасно и гласно кажува дека има зборувано со Зоран Заев за целата операција. Тој покажува нивни заеднички приватни слики и кажува за чести заеднички средби, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

– Ако сето ова го знаеле од обвинителството на Русковска и ако ова е дел од материјалите кои ги имаат како докази, зошто ја манипулираа јавноста дека демек еве Зоран Заев прв пријавил? Овој материјал посочува дека тој дури и да пријавил, тоа го сторил за да се спаси бидејќи знаел дека постојат докази за неговата вмешаност во целата операција на Боки 13 и Катица Јанева и веројатно дал амин таа да се реализира – рече Јанушев.

Ако материјалите кои излегуваат во јавноста ги поседува обвинителството на Русковска, посочи генералниот секретар, тогаш наместо на одмор и замрзнување на истрагата, таа досега требаше да даде налог Катица Јанева да биде приведена, а истото требаше да го направи и за Зоран Заев.

– Во ваква ситуација останува сомнежот дека целата истражна постапка која наводно ја води обвинителството е една голема фарса која има за цел да ги заштити високите функционери кои се дел од криминалот. Да се остави толкав простор за уништување на доказите не е водење на истрага, туку уништување на истата. Боки Тредичи не само што кажува дека има зборувано со Заев за изнудата, туку и во материјалите тврди дека тој нема да прави проблеми. Ова е потврда на сомнежите дека Боки 13 не бил сам. Ако веќе станува јасно дека Катица Јанева комуницирала и давала насоки, сега веќе постојат сериозни индиции дека исти вакви насоки на лицето Боки му давал и Зоран Заев – рече Јанушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...