Српски Курир: Боки 13 има докази против Заев и советникот Башановиќ, ги сокрил на повеќе адреси

2868

На Северна Македонија ѝ се заканува политички земјотрес поради апсењето на водителот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој се заканил дека ако му се случи нешто во затвор, ќе падне Владата на премиерот Зоран Заев, пишува српски Курир.

Најавата за овој текст, српскиот медиум, ја пушти вчера, а денеска го објави во целот и во онлајн изданието.

Јовановски, пишува Курир, на сослушувањето во полиција рекол дека има докази против Заев и неговите соработници, меѓу кои и советникот Зоран Башановиќ. Како што навел, доказите за вмешаност во аферата „Рекет“ ги сокрил на сигурно, и тоа на повеќе адреси.

– Ова е голема афера, сериозни играчи и огромни пари се во игра. Во Македонија, велат, ќе има крв. Боки 13 рекетирал многумина. Случајот со Камчев е само врв на ледениот брег – вели изворот на Курир.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...