Српски Курир пренесува закана од Боки 13: Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мајка ми

7288

Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка, им порачал Бојан Јовановски на полицајците кога го уапсиле за случајот „Рекет“, објавува српски „Курир“ на утрешната насловна страница.

„Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка“, е насловниот текст на утрешен српски „Курир“.

Медиумот ја пренесува и наводната закана на Боки 13 во полиција:

– Ако ме обесите и се обидете тоа да го прикажете како самоубиство, ако овде ме тепате, ме мачите, застрашувате, убаво сега ви кажувам, да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...