Осумдесет и петгодишниот скопјанец Ж.Т. синоќа отишол на преглед во Ургентниот центар со тешки телесни повреди со кои се здобил откако на бул. „Борис Трајковски“, кај место викано „Чешма“, бил удрен од непознато патничко возило додека управувал мопед со скопски регистарски ознаки.
МВР информира дека веднаш по настанот, возачот на возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.