Кичеец денеска бил однесен во „Жан Митрев“, но е вратен во Шутка

968

Еден од двајцата притворени за случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец, по негово барање од притворот во Шутка, со одобрение од судот, денеска бил на преглед во клиниката на Жан Митрев.

Според „Вечер“, на Кичеец кај „Жан Митрев“ требало да му се изврши колоноскопија и тоа постапката ќе траела дури три дена, што е невообичаено долг период за овој вид интервенција.

Телевизија Телма јави дека Кичеев, сепак е вратен во Шутка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...