Холивудскиот актер Ричар Гир ги посети мигрантите, кои повеќе од една недела се заглавени во Медитеранот на брод со кој управува шпанската хуманитарна група.
На бродот „Опен армс“ (Open arms) се наоѓаат 121 мигрант, а познатиот актер за нив обезбеди храна и други потребни артикли.
Гир (69) на бродот донел кутии полни овошје и разговараше со неколкумина мигранти кои побегнале од Либија.
Актерот од бродот упати апел светот да им пружи поддршка на луѓето кои се на бродот, нарекувајќи ги „браќа и сестри“.
„Опен армс“ се наоѓа во меѓународни води во близина на италијанскиот остров Лампедуза откако не му беше дозволен пристап до пристаништата во Италија и на Малта.
Гир е познат по хуманитарната работа и учествува во кампањи за заштита на животната средина.
– Најважно за овие луѓе е да можат да добијат слободно пристаниште, да слезат од бродот, да пристигнат до копно и да почнат нов живот – посочи Гир.