Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановки – Боки 13, е фотографиран во дворот од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари каде издржува 30 дневен притвор.
Фотографијата ја објави порталот Скопје1, а на неа Боки 13 е со уште едно машко лице.
Кој ја направил и како излезе во јавноста, од раководството на затворот истражуваат.
Директорот на затворот, Есад Рахиќ за МКД.мк вели дека откако се појавиле фотографиите се прави претрес во Истражниот затвор и оти најверојатно сликало притворено лице бидејќи вработените внатре не смеат да носат мобилни телефони.