МВР: Спасовски нема врска со бензинската, ВМРО-ДПМНЕ да се извини или ќе тужиме

1033

Министерството за внатрешни работи ги демантира лагите објавени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за наводна сопственост на министерот Оливер Спасовски на комплексот „Пин петрол“ во Куманово и наводен конфликт на интереси околу добивањето на дозволите за работа, реагираат од МВР.

„Ниту министерот Спасовски ниту член на неговото семејство нема било каква сопственост во оваа компанија, ниту во било која друга, ниту во минатото ниту денес. Покрај тоа, согласно законските прописи, секое правно лице кое што ги исполнува условите, има право да аплицира за добивање на овластување за станица за технички преглед. Условите се пропишани со Законот за возила. Овластувањето за вршење на технички преглед на возила го издава МВР, додека Овластувањето за идентификација и идентификација и оценка на техничката состојба го издава Министерството за економија. Таков е и случајот со „Пин петрол“, МВР и во овој случај, како и во сите други случаи, постапува согласно законите. Бараме партијата ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите кои ги пласира, а доколку тоа не биде сторено, ќе биде поднесена тужба пред надлежниот суд“, наведуваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...