Чифлиганец: Таков разговор се нема случено

2214

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец испрати рекација во врска со новите објавени снимки од разговори, кои денес ги пренесуваат македонските медиуми.

„Би сакал одговорно да ѝ соопштам на јавноста дека таков наводен разговор во врска со некакво барање кон едно од лицата што се јавуваат во снимката, се нема случено, бидејќи, без исклучок, не сум таков човек кој влегува во такви разговори. Мојот животен пристап секогаш бил да помагам на луѓе во согласност со законските прописи. Беспредметно е, дури и попатно споменување на моето име“, наведува Чифлиганец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...