Загинаа пет млади лица во сообраќајка на Ибарска магистрала

472

Пет млади лица ноќеска загинаа во директен судар меѓу возила „БМВ“ и „Дачија“, на Ибарската магистрала, кај местото Жупањ, во Општина Љиг, пренесоа утринава белградските медиуми.

Според првичните сознанија уште четири лица, кои во несреќата се здоболе со тешки повреди, се во животно загрозувачка состојба.

Несреќата се случила еден час по полноќ.

Четири од загинатите биле во „Дачијата“, додека едно во „БМВ-то“, пренесуваат медиумите во Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...