Останала слепа откако љубовникот на нејзиното момче ѝ фрлил киселина в лице

Дваесет и седумгодишната Глори Куерда знаела дека 30-годишниот Џон Реј Гарај имал афера со друг маж, Рамон „Мона“ Колада, но мислела дека таа завршила.

313
ФОТО: Метро

Жена останала слепа откако љубовникот на нејзиното момче ѝ фрлил киселина в лице, пренесува „Метро“.

Дваесет и седумгодишната Глори Куерда знаела дека 30-годишниот Џон Реј Гарај имал афера со друг маж, Рамон „Мона“ Колада, но мислела дека таа завршила.

Се нашла со Колада близу трговскиот центар каде што таа и Џон работеле во Пасај Сити, Филипините. Рамон ѝ кажал дека некои работи на Џон останале кај него.

– Тоа беше првпат да го видам љубовникот на моето момче. Тој плачеше и ми кажа дека многу го сака Џон Реј. Ми рече дека биле заедно уште на почетокот на нашата врска – кажала таа.

Тргнала со него, бидејќи мислела дека тој ќе ѝ ги даде заборавените работи на Џон Реј.

– Одеднаш моето лице се стопи. Не можев да видам ништо. Сакав само вода за да го измијам лицето. Многу ме болеше – додала таа.

Рамон бил уапсен веднаш потоа и кажал дека се кае за тоа што го сторил.

– Направив нешто погрешно поради него. Го заборавив и моето семејство само за да бидам со него. Должен сум многу пари поради него. Жал ми е. Не можам да спијам ноќе – рекол тој.

Медиумот наведува дека киселината е една од најлошите работи за очите. Сепак, постоело шанса еден ден видот повторно да ѝ се врати на Глори.

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...