Принцезата Шарлот ги поздрави обожавателите со исплазен јазик ФОТО+ВИДЕО

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот беа присутни да ги бодрат своите родители.

490

Ќерката на војводата и војвотката од Кембриџ, четиригодишната принцеза Шарлот предизвика смеење кај обожавателите со нејзиниот поздрав.

Имено, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон учествуваа на едриличарска регата со хуманитарен карактер на островот Вајт, а принцот Џорџ и принцезата Шарлот беа присутни да ги бодрат своите родители.

Во момент кога Кејт ја поттикнуваше својата ќерка да ги поздрави присутните на хуманитарна регата, таа наместо да им мавта, им го покажа јазикот што предизвика смеа кај присутните.

Слатката Шарлот откако го покажа јазикот беше опомената од нејзината мајка Кејт.

 

FOTO: Printskrin/Instagram

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...