Водовод: Полевајте ги дворовите по 22 часот!

621

Поради големата потрошувачка на вода за време на топлотниот бран кој го зафати Скопје дополнително се вклучени 4 бунари кои ја надополнуваат потрошувачката во овој период; соопшти ЈП „Водовод и канализација“.

– Апелираме до сите граѓани рационално и внимателно да ја користат водата, a воедно и ги замолуваме да го избегнуваат непотребното трошење на водата за полевање на дворови и поголеми површини, односно тоа да го прават после 22 часот – велат од Водовод.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...