Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат од село Бели кон Пониква, утринава околу 9 часот е локализиран и изгаснат, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Извршена е проверка на теренот за можни остатоци на жаришта и нивно гасење.
ДЗС заедно со локалната самоуправа на Општина Кочани го координираше гасењето на пожарот со што е запазена постапноста во дејствувањето при вакви катастрофи со учество на околу 100 луѓе од противпожарните единици од Кочани, Виница, Штип, Кавадарци и Гевгелија, претставници на јавното претпријатие „Национални шуми“ и др.
Од ДЗС апелираат до граѓаните совесно да се однесуваат и да ги почитуваат забраните за движење во шуми, како и дадените препораки да не се палат стрништа и оган близу шумски површини.