Кога излезе аферата „Рекет” зборував дека имаме работа со криминален октопод. Денес е совршено јасно дека е така, и тоа е реалноста, рагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако и утрово италијанскиот весник „Ла Вертита“ објави нови снимки за овој случај во кои се слуша и гласот на Катица Јанева која на Орце Камчев му вели „Не се секирај, ќе биде се ОК“.
– Додека се приведуваат политички неистомисленици, со цел да се купи летниот период со некаков активизам, огромен број наши сограѓани денес си го поставуваат прашањето зошто сеуште Катица Јанева не е во притвор? Зошто ниту Фрики, ниту Кики не се повикани на распит? Зошто Заев ги штити криминалците во своите редови, па ќе се јави сомнеж или можеби себепотврда, нели тоа го прави ороводец во штитењето на тој криминал. А зошто премиер би штител криминал, причината е една, затоа што токму од таму извира криминалот – вели Мицкоски.
Тој потсетува дека премиерот Зоран Заев велеше дека Катица Јанева е добар човек со капацитет, дека не се откажува од неа и дека тоа е неговата црвена линија.
– Но денес, прашањето е дали сѐ уште верува во капацитетите на Јанева и дали можеби е тоа причината зошто не проаѓа законот за обвинителство, та нели Катица треба да биде дел од Републичкото обвинителство? Сите знаат дека силата на тој октопод кој изнудувал пари не се ниту прво, ниту второ осомничениот, туку власта преку слугите во обвинителството и судството ги легитимирала како нивна силна рака. Залудни се обидите за дефокусирање. Овој криминал на Заевци, надојден Вардар не го пере. Ако ваков криминал е блескањето со кое се фалат, тогаш премногу е – наведува Мицкоски, порачувајќи дека месеци ја делат Македонија од обнова.
– И еве еден совет до сеачите на магла до СДСМ, непробувајте да одговорите преку она младо момче, чиј личен долг спрема Заевци, и амбиција во политиката се поголеми од здравиот разум. Не посегнувајте по таква злоупотреба. Ниту преку еднолично соопштение со кој ќе си ја ишкате мувата од капата сакајќи да ги посипете сите други со вашата кал нема да помине. Вашиот образ одамна не е чист, а единственото нешто правилно и морално во едно такво ваше безморално мракобесие кое можете да го направите, е давањето оставка и ништо повеќе.