Норвешката принцеза поради бисексуалниот дечко повеќе нема да ја користи кралската титула ФОТО

Врската со бисексуалниот шаман Дурек принцезата службено ја потврдила во мај оваа година, кога признала дека тој ѝ го променил животот.

1093

Најстарата ќерка на норвешкиот крал Харолд В., принцезата Марта Луис,објавила дека повеќе нема да ја користи титулата принцеза во комеријални цели.

Принцезата неодамна се вљубила во шаманот Дурек, Американец со кој ја започнала турнејата „Принцеза и шаман“, а тој потег наиде на силно негодување во Норвешка. Марта Луис затоа објави дека титулата принцеза ќе ја користи само приватно како и во прилики кога ќе го претставува кралското семејство.

Врската со бисексуалниот шаман Дурек принцезата службено ја потврдила во мај оваа година, кога признала дека тој ѝ го променил животот. Попатно веднаш им одговорила и на потенцијалните критичари, на кои им порачала дека не е нивна работа да избираат за неа или да ја осудуваат. И шаманот на Инстаграм се пофалил со фотографија со пинцезата, а во својата објава ја нарекол „божица која ми дозволува да бидам она што сум без осудување“.

Новата врска принцезата ја започнала по разводот од првиот сопруг, писателот Ари Бехна, со кого има три ќерки.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...