Полицајци од СВР Велес заедно со колеги од криминалистичката полиција и лица од Агенцијата за лекови, вчера извршиле претрес во две аптеки и во еден дом, при што до аптеките е откриено незаконско работење и издавање лекови без рецепт на уживатели на наркотични дроги во големи количини.
Од Агенцијата веднаш изготвиле записници за затворање на аптеките.
Во претресите собран е и доказен материјал, известен е јавен обвинител и се очекува да следи и кривична пријава.