Ракометната репрезентација на Северна Македонија до 19 години вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ забележа победа со 37-34 (18-16) против Нигерија на Светското првенство кое се одржува во Скопје.
За „жолто-црвените“ ова беше прв триумф на Мундијалот, откако во вторникот доживеавме пораз од Аргентина во првото коло.
Избраниците на Данило Брестовац повторно имаа тешки моменти во натпреварот, но одиграа добри две полувремиња и заслужено стигнаа до победата.
Костески со 13 погодоци беше најдобар стрелец, а Серафимов помогна со 10 постигнати гола.
Во наредното коло, Северна Македонија утре игра против Бахреин, а мечот започнува во 20.30 часот.
Фото: РФМ