Уште еден хорор во Србија: Маж се обидел да ги убие децата, сопругата и мајката, па си го пресекол вратот

3141
ФОТО: Курир.рс

Четириесетгодишник се обидел вчера со пиштол да ја убие 37-годишната сопруга во нивната куќа во Србија. Соседите слушнале дека испукал три куршими, а четвртиот се заглавил. Монструмот потоа си го пресекол вратот.

Наводно, тој се наоѓа во тешка состојба на интензивна нега. Неговата сопруга исто така се наоѓала во болница.

Парот заедно имал 13-годишен син и 10-годишна ќерка, кои го гледале хоророт кој се случувал во нивниот дом.

Како што дознава „Курир.рс“, монструмот покрај сопругата, сакал да ги убие и децата и својата мајка.

Соседите кажале дека се во шок.

– Беа мирни, немаа никакви проблеми, барем така ни делуваше – изјавиле некои од нив.

ФОТО: Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...