Зелениот „Ролс ројс“ на Елизабет Тејлор продаден за 520.000 долари

Тејлор го користела автомобилот 20 години, по што тој бил купен од калифорнискиот колекционер Карл Кардел.

289

Зелениот „Ролс ројс“ на Елизабет Тејлор беше продаден вчера на аукција во Њујорк, за 520.000 долари.

Името на купувачот на популарната „зелена божица“, не се соопштува, пренесе ДПА.

Очекувањата на аукциската куќа „Гернзи“ биле дека возилото би можело да достигне и четири пати повисока цена.

Автомобилот бил обоен во зелено на специјално барање на глумицата, оти тоа била нејзината омилена боја. Го добила за подарок 1960 година, од тогашниот сопруг Еди Фишер. Обожавателите најмногу го помнат возилото по нејзиното гламурозно појавување на сетот за филмот „Клеопатра“ во Рим.

Тејлор го користела автомобилот 20 години, по што тој бил купен од калифорнискиот колекционер Карл Кардел.

Тој пак, е цврсто уверен дека актерката немала возачка дозвола и дека никогаш не седнала зад воланот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...