Гајсер за Сител: Продолжувам утре, па сликата за „Рекет“ ќе биде појасна

2353

Нови детали за случајот „ Рекет “ утре ќе бидат објавени во италијанскиот весник „Лаверита“.

– По видео и аудио снимката, следи ново продолжение по што се ќе биде појасно – изјави за Сител авторот на статијата Ларис Гајсер.

Телевизијата стапила во контакт со Гајсер во обид да дознае повеќе за тоа од каде ја добил снимката и какви други детали поседува за случајот „Рекет“. Гајсер не открил со што ќе ја шокира публиката и најавил екслузивна изјава откако ќе ја заврши сторијата.

„Уште утре следува нова сторија и се ќе биде појасно. Откако ќе ја завршам сторијата, целосно ќе ви бидам на  располагање во следните денови. Благодарам на разбирањето. Ваш Ларис“, одговорил тој за Сител.

Ларис Гајсер на својот ФБ профил за објавата во весникот „Лаверита“напиша „ Екслузивна Македонија!! “ по што вели видеото е само еден дел од она што го поседува за корупцијата на судскиот систем во земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...