Вотка направена со вода од забранетата област во Чернобил

223
ФОТО: МИА

Пијалакот „Атомик” е направен од житарки, но и со вода земена од забранета област околу оштетената нуклеарна електрана во Чернобил.

Идејата била на професорт од британскиот Универзитет на Портсмут, Џим Смит, кој и почнал со одгледување житарки во забранетата зона.

– Нашата идеја уште тогаш беше да го искористиме зрното за да направиме алкохолен пијалак… Треперам додека го пија, вели Џим додека крева едно од своите шишиња – раскажува проф. Смит.

Тој тврди дека вотката не е радиоактивна. –

Не е порадиоактивна од која било друга вотка… Секој хемичар ќе ви каже дека, кога дестилирате нешто, сѐ она што е штетно завршува „во отпад“, нагласува проф. Смит.

Тоа го потврдиле и научниците од хемиската лабораторија во Универзитетот Саутемтон.

Со помош на „коктел-познавачи“ од еден бар во Лондон, „Атомик” го споредуваа со други вотки. Дегустаторот Сем Армај сета дека тоа е „пијалак во којшто повеќе се чувствува зрното, отколку алкохолот“.

– Има повеќе овошни ноти, но се чувствува и ’ржта – вели Сем.

Прашан – кој коктел би го направил од вотката, тој вели: „Класично мартини, но може и помешано со шампањско“.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...