Алијансата за Албанците бара итно да се преземат сите законски мерки за да се расчисти целосно случајот „Рекет“ и да се прошири истрагата. Ова го побара партијата откако денеска беа објавени снимки од страна на италијанскиот портал „Ла Верита“.
– Истовремено бараме да се отвораат истраги за сите предмети кој што се во предистражна постапка, како што е предметот „Пациент” и други. Случајот „Рекет” е доволен доказ дека сите тие случаи се пропаднати поради рекет додека видео-матерјалот кој што е објавен денес го потврдува тоа.
Алијансата за Албанците уште еднаш го повтори барањето за ,,Обвинител од ЕУ” како решение за излез од ќорсокакот во кој е најден нашиот правосуден систем.