Манекенката и актерка Мила Јововиќ (43), која неодамна морала да ја прекине бременоста во четвриот месец, повторно ќе се оствари во улогата на мајка, а веста ја сподели на социјалните мрежи.
„Дознав дека сум бремена пред 13 недели и не ми беше сеедно. Поради своите години и поради тоа што претходниот пат го загубив бебето не сакав да се врзам за ова. Последниот месец го поминувам со лекарот и со семејството и конечно сè е во ред. Очекувам девојче, посакајте ми среќа“, напиша убавата актерка на Инстаграм.
Да потсетиме, Мила Јововиќ со сопругот режисер Пол Андерсон ги има ќерките Евер Габо (12) и Дашиел Идан (4).