Новинарот кој ја објави снимката за „Рекет“ најавува шокантни документи

6287

Авторот на објавата со снимките за случајот „Рекет“ во италијанскиот медиум „Ла Верита“, Ларис Гајзер, вели дека ова е само прв дел и најавува оти во наредните денови ќе објави шокантни документи.

„На „Ла Верита“ денеска се објави само првиот дел од мојата приказна која докажува како Европската Унија, откако поддржува промена на режимот во Македонија, се залагаше за воспоставување на Специјално јавно обвинителство (Катица Јанева), кое уште од почетокот не само што се меша нелегално во политиката, туку и рекетира луѓе! Ова е мафијашки систем кој работи под контрола на политичари од врвот. Поличари кои ги посакуваа ЕУ и Сорос. Македонија има голем проблем на патот кон ЕУ … самата ЕУ! Морегини и Јункер се виновни за понижување на една цела нација и отворено поддржување на нешто што е против владеењето на правото, владеење на правото за кое толку силно се залага Брисел!  Во наредните неколку дена ќе објавиме шокантни документи кои искрено се надевам дека ќе ѝ помогнат на Македонија да го најде својот пат кон демократијата!“, пишува новинарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...