Италијанскиот весник „Ла Верита“ (La Verita) објави видео и аудио снимки од осомничените во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, како излегуваат со торба полна пари од домот на бизнисменот Орце Камчев.
Првиот дел од прилогот е видео материјал од броење пари, вториот е снимка од безбедносни камери како двајцата излегуваа од домот, додека третиот дел е аудио-снимка во која се слуша разговор помеѓу Боки 13 и Камчев за тоа кога бизнисменот ќе биде ослободен.
Во продолжение транскрипт од разговорот и прилогот кој го објавија Италијанците:
Бојан 13: Во понеделник ќе ве ослободат.
Орце: Добро..
Бојан 13: Вторник најкасно веројатно.Врховен ќе ве ослободи.
Орце: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник.
Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби..
Орце: А Апелација?!
Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикува автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го продужува, да го удолговлекува, понеделник, вторник вие сте на слобода.