Тинејџерите осомничени за три убиства пронајдени мртви во Канада

498
ФОТО: Принтскрин

Полицијата во Канада ги пронашла безживотните тела на двајцата тинејџери кои беа осомничени за убиство на американско-австралиски пар кој се запознал во Хрватска и еден постар маж.

Потрагата за тинејџерите траеше неколку седмици, а полицијата вчера соопштила дека нивните тела биле пронајдени во провинцијата Манитоба.

Деветнаесетгодишниот Кем Меклеод и една година помладиот Брајер Шмегелски биле пронајдени само на неколку километри од запаленото возило кое го користеле.

Тие беа осомничени дека брутално ги убиле 24-годишната Чајна Диз и нејзиниот 23-годишен партнер Лукас Фалоу. Нивните изрешетани тела биле пронајдени кај нивното возило, а четири дена подоцна, телото на 64-годишниот Ленард Дик било запалено.

Засега нема повеќе детали.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...