Во домот на поранешниот градоначалник на Општина Кавадарци, А.П., полицијата пронашла над 1.000 монети со археолошка вредност, дознава Плусинфо од извори во МВР.
Станува збор за монети кои биле пронаоѓани на разни локалитети низ Македонија.
Во текот на денот се очекува и официјална потврда и повеќе детали од МВР.