Скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку својот профил на Фејсбук вчера најави дека привршува основата за зелениот покрив на Градскиот трговски центар.
Проектот за изградба на зелен кров на ГТЦ е трипартитен проект во кој учествуваат: Град Скопје, УНДП и АД ГТЦ. За кофинансирање на овој проект, градските власти имаат издвоено 20 милиони денари.
На зелениот покрив со површина од 1.800 квадратни метри ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници.