Падната топола го прекина речиси 5 часа железничкиот сообраќај кај Велес

474
20150708 Wednesday 1011 Skopje zeleznicka stanica renoviranje soobrakaj prugi voz sini nov lik kenzo tange nova stanica rabotnici rekonstrukcija

Железничкиот сообраќај на релација Велес-Скопје синоќа беше 4,5 часа во прекин поради падната топола на пругата. Сообраќајот бил во прекин од 18.30 часот до 23 часот, а тополата ја сечеле граѓани и таа наместо кон реката Вардар паднала на пругата.

Според првичните сознанија од МЖ, направена била штета на контактна високонапонска мрежа од 25.000 KW и штети на пругата што треба да ги утврди комисија на МЖ.

– Поради тоа од Скопје не можел да тргне патничкиот воз кон Битола, а во Железничката станица во Велес стоеле два воза од Битола за Скопје и од Гевгелија за Скопје, а во застој биле и товарните возови од Гевгелија за Табановце и од Табановце за Гевгелија – информираат од МЖ.

Увид на местото на настанот направила екипа на МЖ-инфраструктура и на МВР.

Од ЈП МЖ апелираат до граѓаните кои сечат дрва покрај пругата претходно да бараат дозвола и за тие активности да контактираат и да добијат асистенции и инструкции од надлежните од МЖ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...